Британскиот тенисер доби интересно прашање на прес-конференција…
Вториот светски тенисер се пласираше во полуфиналето на Вомблдон откако го победи Цонга по пет сетови. Негов следен противник ќе биде Томаш Бердих.
Британците се надеваат дека Мареј би можел да го повтори успехот и повторно да го освои Вимблдон, по втор пат во кариерата, а вкупно трета грен слем титула.
На прес конференцијата доби интересно прашање од една новинарка:
– Земјата е во очајна состојба во моментов, ни треба нив премиер, нов селектор на фудбалската репрезентација, нов водител на „Топ Гер“( “Top Gear”), Велс изгуби…какво е чувството кога си последна надеж на нацијата?
Со длабока воздишка и насмевка, Мареј се наведна над масата и праша;
– Не е валјда толку лошо? Толку ли е лошо?
– Ти си ни последна надеж, Енди, рекла новинарката, а тенисерот одговорил;
– Не сум, има многу други надежи покрај мене. Јас давам се од себе на овој турнир за луѓето да доаѓаат да гледаат и да бидат задоволни. Се надевам дека можам да остварам уште неколку победи и тоа е тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)