| четврток, 6 декември 2018 |

Лев: Жалиме за пропуштената шанса, Франција е фаворит во финалето

joakim lev

Јоаким Лев им го честиташе на француските репрезентативци пласманот во големото финале, воедно истакнувајќи дека очекува „триколорите“ да слават во финалето против Португалија и да се закитат со големиот пехар.

Тој смета дека биле подобар ривал на зелениот терен од Французите, но го платиле цехот за неискористените шанси.

– Ние бевме подобриот тим, вложивме многу напор, напаѓавме, бевме добри еден на еден. За жал примивме гол од пенал во последната минута од првото полувреме, лоша среќа. Имавме своите шанси, но не успеавме да постигнеме гол, едноставно ја немавме потребната среќа. Во 2010 и 2012 бевме елиминирани, но тогаш бевме надиграни. Сега бевме подобри но се гледаат головите и резултатот. Екипата направи се што и кажав, покажа храброст и немам никакви замерки. Ова беше добар турнир за нас, немаше многу грешки од наша страна – истакна Лев по поразот од 2:0 од „триколорите“.

Исто така предводникот на Германија даде свој коментар и за престојното неделно финале во кое домаќинот ќе се соочи со Португалија.

– Франција успеа да дојде до финалето и ако ве победат со 2:0 тоа го заслужуваат. Сметам дека ќе ја победат и Португалија. Тие се одлична репрезентација, а пак Португалија досега не покажа многу – вели селекторот на светските шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top