| четврток, 6 декември 2018 |

13 годишно дете се повредило со плашливец

Тринаесетгодишно дете од Ресен се повредило во игра со пиштол плашливец.

Инцидентот се случил вчера околу 10 часот во селото Царев Двор, ресенско, во куќата на 63 годишниот З.Н. Неговиот внук заедно со врсник од Скопје си играле со плашливците, а еден од нив ставил куршум во цевката и испукал кон таванот. Тогаш од барутот ги повредил прстите на левата рака, стомакот и десната бутина.

Детето е префрлено во Здравствениот центар во Ресен, а оттаму во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата го одзела пиштолот и една чаура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top