Рускиот разузнавачки офицер, Александр Потејев, осуден за предавство во отсуство откако ги издаде маските на шпионите во САД, веројатно е мртов.
Според некои информации, Потејев е мртов во САД. Информацијата се проверува, се пренесуваат извори од Москва. Друг извор посочува дека веста за смртта е сомнителна бидејќи е само можност предавникот да биде заборавен.
Во 2010 година, разузнавачкиот офицер Александр Потејев ја предаде маската на група руски агенти кои работеле во САД. Тогаш десет луѓе беа затворени од американските власти, вклучително и црвенокосата фем-фатал Ана ЧАпман, која започна успешна телевизисњка кариера по нејзината вмешаност во шпионскиот скандал.
Затворените Руси потоа беа заменети за американски граѓани обвинети за шпионирање во Москва.
Потејев и неговото семејство им беше дозволено да одлетаат во САД, кога дезертерот беше осуден во отсуство на 25 години затвор.
Руската разузнавачка служба истакна дека нема да ги коментира информациите за можната смрт на поранешниот офицер- дезертер. Меѓутоа, името на Потејев нема дабиде тргнато од листата со меѓународни потерници.
– Без добиен официјален документ кој ќе ја потврди неговата смрт, тој ќе е наведен како жив, и нема да биде отстанет од листата- посочуваат од таму.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Москва не се грижи за судбината на Потејев. Исто така, не гледа опасност во пуштањето такви информации.
-Очигледно е дека тој е предавник, но во овој случај не гледаме никаква опасност- додава Песков.
Поранешниот шеф на руската Федерална безбедносна служба, Николај Ковалев, предупреди дека шпекулациите за неговата смрт може да експлодираат.
-Може да предизвикаат теории на заговор за долгите раце на тајните служби. Сега е тренд да се гледа кон Русија за секое случување- вели Ковалев , кој предлага да се почека за официјална потврда од САД, но и обдукција која ќе даде одговор за причините за смртта, а тие информации да бидат објавени.
-Но и натаму сметам дека неговата смрт е предизвикана од постојан стрес и со тоа постојани заболувања и како резултат на тоа- смрт. Тоа е судбина на сите предавници- истакнува Ковалев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)