Како што се наближува 20-ти јули, годишнината од првото слетување на човекот на Месечината, така теориите на заговор дека Американците го лажирале слетувањето на земјиниот сателит започнуваат да кружат низ интернетот.
Ќерката на еден од најдобрите режисери на сите времиња – Стенли Кјубрик, чие што име е вмешано во бројните теории на заговор, одлучи дека сите оние кои што тврдат дека нејзиниот татко го режирал слетувањето на Месечината, да ги замолчи еднаш засекогаш.
Re: Faked Moon Landings
Many people have asked me about this. And this feels like the right time to respond … pic.twitter.com/UVlNFofFW8— Vivian Kubrick (@ViKu1111) July 5, 2016
Вивијан Кјубрик на Твитер се огласи во врска со обвинувањата дека Стенли го режирал лажното слетување на американците на Месечината.
„Многу луѓе ме прашувале за ова и се чини дека сега е вистинското време да одговорам. Уметник, каков што беше мојот татко, чиј што уметнички интегритет е неоспорен, секој филм кој го снимаше го сними по своја политичка/општествена совест.
Поради контроверзни теми тој буквално го ризикуваше сопствениот живот, но сепак продолжуваше да ги прави филмовите. Зарем мислите дека тој е последниот човек кој некогаш би помогнал на американската влада во изработка на едно такво ужасно предавство на народот?“, запрашува Вивијан Кјубрик.
„Постојат многу реални заговори кои што се случувале низ нашата историја и се случуваат и сега. Свесна сум за ужасните манипулации кои што ги изведуваат владите, тајните служби, банкарите, воено-индустриските комплекси итн., но тврдењата дека слетувањето на Месечината е лажирано и дека тоа е режирано од мојот татко? Тоа не можам да го разбрам. Дали некој може да верува дека еден од најголемите бранители на човештвото би можел да направи едно такво предавство? Уметничките дела на мојот татко се неговата најголема одбрана“.
„На крајот на краиштата, мојата љубов кон мојот татко нема врска со тоа. Јас го познавав него. Јас живеев и работев со него, па простете ми на грубоста кога категорично ќе констатирам: таканаречените „вистини“ на овие малициозни луѓе кои велат дека мојот татко заедно со владата на САД направил заговор за лажно слетување на Месечината, претставуват една очигледна гротескна лага“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)