Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Температурата ќе се движи од 23 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 31 степен.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат и 39 Целџиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.