Министерствата за транспорт и врски и за здравство в сабота ќе извршат авионско прскање против комарци во Охрид.
Општина Охрид и Центарот за јавно здравје информираат дека аеросолната дезинсекција ќе се реализира во периодот од 5 до 10 часот, на површина од 1.500 хектари на потегот од селото Подмоље до населбата свети Наум и на територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци Центарот за јавно здравје апелира пчеларите да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Препаратот со кој ќе се запрашува, како што е наведено во информацијата, не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.