Членовите на комисијата препорачале анализа на работата на кризниот центар и констатирале дека мобилната телефонска мрежа била неупотреблива поради преоптовареност. Пожарникарите и болничарите, пак, требало буквално да импровизираат, а според извештаите на медиумите, дури користеле апликации како WhatsApp за да се координираат.
Плановите на „Завентем” за работа при вонредна ситуација биле главно за реакција во случај на авионска несреќа. Во инструкциите немало компонента поврзана со тероризам, и тоа не било нити предвидено во тренинзите на болничарите и пожарникарите на аеродромот, нагласила анкетната комисија.
Известувачите инсистираат на итно ажурирање на планот, односно во него се вклучат и активности во случај на вонредна состојба, која не е поврзана со авионска несреќа. При истрагата било утврдено дека на аеродромските власти располагале само со едно обучено куче за откривање на бомби и експлозиви.
Истовремено, пак, во бриселското метро имало детален план за итни дејства при криза, изготвен по нападите на мадридската железничка станица во 2004-та година и во метрото во Лондон во 2005-та година. Според планот, командниот центар веднаш презел дејства по нападот во метро станица Малбек. Признавајќи дека плановите за акција при криза се пишувани пред 10 години и застарени, во мај белгиските власти одлучија да се подготви „национален план за акција во вонредна состојба при земање заложници или терористички напад”.
Анкетната комисија ќе го поднесе официјалниот извештајот на 21-ви јули, а есента комисијата ќе ја анализира работата на полициските служби и разузнавањето, кои беа обвинети за неспособност во следењето на бомбашите самоубијци, од кои некои биле вклучени и во нападите во Париз, а други биле познати членови на криминалното подземје во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)