Градежната оператива е на терен и се финализира изградбата на патот Неготино – Криволак, со што од локален ќе прерасне во регионален патен правец. Со изградбата на патот се решава уште едно барање на граѓаните на Криволак, кои наместо поранешниот патен правец со широчина од 3 метри, ќе добијат комплетно обновен и проширен патен правец со широчина од 5.5 метри.
Ова беше барање на граѓаните, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вети дека ќе се заврши при ноемвриската посета на Криволак.
Финансиските средства за комплетна реконструкција на патот Неготино-Криволак во висина од 20 милиони денари се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со кое општина Неготино има повеќе од успешна и плодна соработка, што пак резултира со реализација на повеќе инфраструктурни проекти во општината.
Патот во моментов е во фаза на асфалтирање и треба да се довршат градежни работи околу потпорните зидови. Истиот би бил готов најдоцна до крајот на овој месец.
Граѓаните се задоволни од изградбата на патот кој во минатото бил црна точка каде се случувале многу сообраќајни несреќи.
-Тоа е многу убаво за сите, не само за нас жителите. Претходно беше се со дупки, не можевме да се разминеме со кола.
-Патот беше лош, сега е убаво, немам збор за тоа.
-Многу е убаво, модерно. Можат луѓето да возат и да не ги кршат возилата. За мене е убаво што сум стара, а камоли за младите. Се движиме по тој пат, често одиме во Неготино, велат дел од граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)