| четврток, 6 декември 2018 |

„Не значи не“: Германија го менува законот за силување

Германија денеска расправа за менување на законот за сексуални престапи чиишто нејасни одредби се критикувани од јавноста особено по новогодишните напади во Келн и неколку други градови каде што сексуално беа злоставувани над илјада жени од страна на имигранти.

Пратениците во Бундестагот денеска ќе гласаат за вметнување на принципот „Не значи не“ во законските одредби со што ќе нема простор силувачите во иднина да тврдат дека жртвите биле согласни на сексуален контакт поради што добиваат ослободителни или полесни пресуди.

– Реформата на легислативата за сексуални престапи ќе донесе затворање на срамните дупки во законот – изјави министерот за правда Хајко Маас за Германската новинска агенција.

Според актуелниот закон за сексуалниот напад да биде прогласен за силување жртвата мора да давала физички отпор. Се очекува пратениците да гласаат за предлогот на владата сите видови на отпор кон сексуален напад да бидат основа за третирање на нападот како силување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top