Лина Ѓорческа ги продолжи добри резултати откако по освоениот турнир во Штутгарт, сега се пласираше и во полуфиналето во Торино, турнир вреден 25.000 долари.
Најдобрата македонска тенисерка за противник ја имаше третата носителка, Софија Шапатава од Грузија, но Ѓорческа со ново одлично издание стигна до максимална победа од 2-0, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите четири тенисерки на овој турнир. Македонката го доби првиот сет со 6-4, а потоа по голема битка во која прокоцка еден брејк во вториот сет, на крајот сепак славеше со 7-5 за место во полуфиналето.
Таму Ѓорческа ќе се сретне со победничката од четвртфиналната пресметка меѓу Парагвајката Монсерат Гонзалез (втора носителка) и Шпанката Ирене Бурилјо (квалификантка).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.