Според последните анализи што биле извршени во текот на јуни 2016 година, водата во најголемиот дел од Охридско Езеро е од прва класа и е погодна за капење и за спортување.
– Во рамки на редовната месечна контрола, испитани се околу 30 примероци од површинската вода на езерото. Најголемиот дел од нив покажале дека водата е од прва класа, додека другите анализирани примероци покажале дека водата е од втора класа. Од трета класа е езерската вода на сливот кај реките Велгошка, Коселска и Сатеска – велат од Центарот за јавно здравје од Охрид.
Моментната температура на водата во Охридско Езеро на еден метар длабочина е 23,5 степени. Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи оваа температура е во границите на просечната температура на езерската вода, која била измерена во јули минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.