Фекалии се излеваат директно во водите на Охридско Езеро, а пумпните станици од колекторскиот систем неможат да ја апсорбираат водата која канализационата мрежа ја прима, по обилните врнежи од дожд кои го погодија Охрид минатите два дена.
Вода од канализационите шахти се излева во населбата Воска кај „Стадион Воска“, потоа на неколку локации во населба Даљан, а непречистена вода се излева и од пумпната станица кај село Подмоље и истекува директно во Охридско Езеро.
Директорот на МЈП Проаква Владо Алескиоски за „Охрид 1“ изјави дека ситуацијата е под контрола.
– Јас сум во Скопје, но како што ме информираа ситуацијата е под контрола, има само еден мал проблем кај Даљан, но и тој се решава, а според моите информации ситуацијата е под контрола – изјави Алексоски.
извор: охрид1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.