Дека турбо-фолкот продава, уште на времето сфатија српските музичари кои со талент кои без него, па со текот на годините и се накотија и се претопија.
Но, откако почна повеќе време да поминува во Белград, уште во времето кога се забавуваше со Милан Поповиќ, а кулминира сега откако влезе во домот на реномираниот фолкер Драган Коиќ Кеба, Северина, која е секогаш најдобра во тоа што го работи, стана фолерка пар екселанс, како цреша на српскиот турбо-фолк шлаг.
Во такво манир е хитот во најава „Силикони“. Песната е тежок турбо-фолк, но, за разлика од плитките рефрени на овој тип песни, содржи метафора, силиконите се метафора за она што гоправат жените за да бидат совршени.
-Пејте ја ооваа песна дури и ако немате силикони. Ќе ви се разубави денот и ќе се почувствувате совршено. Деца, не правете го ова дома…, порачува Северина и ве повикува да ужувате, ако не во музиката, барем во спотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)