| четврток, 6 декември 2018 |

Обрегон го задоволи стручниот штаб и потпиша двегодишен договор

obregon

Напаѓачот од Колумбија Џон Обрегон кој беше на проба кај македонскиот првак Вардар, задоволи со своите претстави во подготовките за новата сезона, а сето тоа беше доволна причина за да се потпише соработка со времетраење од две години.

Македонскиот првак Вардар во името Џон Обрегон ја доби третата летна аквизиција. Колумбискиот напаѓач кој беше на проба ова лето, ги задоволи вкусовите на тренерите и раководните луѓе и стави потпис на двегодишен договор.

– Среќен сум што станав член на Вардар. Од она што можев да го видам низ подготовките, дојдов во одлично организиран тим кој што има високи амбиции и одлични играчи. Јас ќе дадам се од себе да ги исполниме заедно амбициите. Се надевам на добри игри, и на успешни настапи на тимот. Имав доволно време да се запознаам со моите нови соиграчи и да се прилагодам на екипата. Веќе се чувствувам како долго да сум дел од Вардар – изјави Обрегон за официјалниот сајт на ВК Вардар.

Во својата досегашна кариера, Колумбијецот има настапувано во екипите на Ла Паз и Национал од Боливија, мексиканскиот клуб Тибуронес Рохос де Веракруз, во Рахабури на Тајланд, Гуарани од Бразил, во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна и во Бојака Чико во Колумбија. Тој е третото засилување за нашата екипа во овој преоден рок после голманот Игор Алексовски и напаѓачот Џонатан Балотели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top