Денеска се одбележува Денот на слободата на медиумите. Светските организации порачуваат дека медиумските работници мораат да работат без страв и дека мораат да ги сопрат заканите на кои се изложени.
Во заедничката порака на Генералниот секретар на ОН Бан Ки мун и Генералната секретарка на УНЕСКО Ирина Бокова се истакнува дека слободата на изразување е од суштинско значење за изградба на слободно и демократско општество и јакнење на правата на поединците.
Тие ја истакнуваат неопходноста од постоењето на сигурно опкружување во кое сите можат да зборуваат слободно и отворено без страв од одмазда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


