| четврток, 6 декември 2018 |

Нов терористички напад: фрлени бомби за време на молитва на која имало 100.000 луѓе

daka

Група радикални исламисти фрлила бомби кон полицајците што ги штителе верниците за време на молитвата по повод завршувањето на светиот месец Рамазан во џамија во Бангладеш.

Во нападот најмалку двајца се убиени, а повеќе луѓе се ранети, меѓу кои и осум полицајци. Според АП, една од бомбите била изработена дома. Според полицијата, цел на нападот бил полициски конвој, кој патролирал во близина на џамијата.

Нападот следува неколку дена откако во заложничка драма во Дака беа убиени 28 лица, од кои 20 заложници, двајца полицајци и шестмина напаѓачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top