Фудбалерите на Португалија се првите финалисти на Европското првенство во Франција, откако вечерва ја совладаа селекцијата на Велс со 2-0.
Апсолутен херој на натпреварот беше Кристијано Роналдо кој го постигна првиот, а асистираше до Нани за вториот гол.
Најпрво Роналдо во 50. минута го глава ја заби топката во мрежата, а во 53. минута асистираше до Нани за голема победа и пласман во финалето, каде ќе играат против Германија или Франција, кои утре од 21:00 часот ќе го одиграат второто полуфинале.
На Роналдо сега му недостасува само уште еден гол за да стане најдобриот стрелец во историјата на европските првенства, откако се израмни со легендарниот Мишел Платини со 9 гола.
Првата шанса на мечот ја имаше Жоао Марио во 16. минута, кога биеше покрај голот. Три минути подоцна Велшаните возвратија, Бејл имаше одличен пробив по десната страна и упати остар центаршут во петерецот, а Робсон Кану закасни за дел од секундата да ја спроведе топката во противничката мрежа.
Најдобрата шанса и воедно и единствена во рамките на голот во првото полувреме ја имаше Герет Бејл. Sвездата на Реал Мадрид повлече контра напад, во ситуација три-на-три Бејл се реши сам да заврши, шутираше од 25 метри, но само во голманот Патрисио.
Португалците немаа многу шанси. Дури во 45. минута Роналдо се закани посериозно, се обиде со глава, но Колинс одлично одигра во одбраната и не дозволи погодок на португалската ѕвезда.
Но, следуваше возбудлив старт на второто полувреме, кога беа постигнати два гола во период од три минути.
После релативно бавното прво полувреме, само по пет минути игра во вториот дел, Роналдо со небесен скок постгинува извонреден гол.
Со овој гол Роналдо го стигна Мишек Платини по бројот на постигнати голови на европските првенства, двајцата имаат по 9.
Само три минути подоцна, Роналдо повторно на сцена, овој пат како асистент, а Нани постигна гол за високи 2-0. Роналдо шутираше од 20-тина метри, а Нани се најде на вистинското место и го смени правецот на топката, доволно да го совлада велшкиот голман во спротивниот агол од мрежата.
По овој шок, Велшаните беа приморани да тргнат на се или ништо, селекторот Колмен набрзина ги искористи сите три замени, но ниту тоа не помогна.
Португалците имаа шанса да стигнат и до трет гол, Жоао Марио имаше обид по една одбиена топка, но шутираше само покрај голот.
На десет минути пред крајот, Данило имаше нова шанса, но Хенеси успеа да ја сочува мрежата.
До крајот на мечот немаше промена на резултатот, Португалија е првиот финалист на ЕП.
Финалето е закажано за во недела, 10. јули, каде Португалија го чека победникот од второто полуфинале меѓу Германија и Франција, кое се игра утре од 21:00 часот .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)