| четврток, 6 декември 2018 |

Морето со денови исфрла делови од човечко тело, на крај испливала и глава

Хорор на најубавата плажа на светот – морето со денови исфрла делови на човечко тело, на крај испливала и глава.

Плажа во Фиџи која се води како една од најубавите на светот, последните месеци туристите ја избегнуваат и сега таа „врие“ од полицајци и форензичари.

Новозеландските туристи во песок нашле човечка глава замотана во зелена ткаенина која била закачена на камен.

Полицијата го открила идентитетот – станува збор за руски пензионери, маж и жена кои се преселиле на Фиџи и живееле на фарма на која одгледувале зеленчук.

Набрзо се разбрало дека станува збор за руски воен пилот кој имал неколку пропаднати работи на островот и кому му должеле повеќе од 200 илјади долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top