| четврток, 6 декември 2018 |

Измени: Екстерното ќе почнува од шесто одделение и нема нема да влијае на просекот

Резултатите од екстерното тестирање во средното образование, иако нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, сепак ќе влијаат при упис на ученикот на факултет, односно резултатите од екстерното тестирање во основното образование ќе влијаат при упис на ученикот во средно образование

Резултатите од екстерното тестирање што се спроведува во основните и средните училишта во Македонија да не влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно да не влијаат на просекот на успехот од оценките во сведителството на ученикот, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование кои се во собрансика процедура. Резултатите од екстерното тестирање во средното образование, иако нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, сепак ќе влијаат при упис на ученикот на факултет, односно резултатите од екстерното тестирање во основното образование ќе влијаат при упис на ученикот во средно образование. Измените предвидуваат естерното тестирање да почнува од 6-то наместо како досега од 4-то одделение.

– Една од поважните измени на процесот на екстерно тестирање е воведувањето додаток во сведителството во кој што ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, а не како што беше до сега каде што резултатите од екстерното тестирање беа во рамките на сведителството. Со самото воведување на овој додаток, истовремено се воведува уште една измена со која што резултатот од екстерното тестирање на учениците како додаток нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот односно тие нема да влијаат на просекот на успехот од оценките во сведителството на ученикот. Дополнително, резултатите од екстерното тестирање во средното образование, иако нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, сепак ќе влијаат при упис на ученикот на факултет односно резултатите од екстерното тестирање во основното образование ќе влијаат при упис на ученикот во средно образование, рече на денешната прес-конференција во македонското Собрание пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените, додаде, ќе се решат недоразбирањата кои што настанале во јавноста околу оценката недоволен (1) во сведителството, која што претходно влијаела во општиот успех на ученикот.

Измените предвидуваат екстерното тестирање наместо од 4-то одделение како што беше досега, да започне да се применува од 6-то одделение. Тие, рече Данев, ќе му овозможат на Државниот испитен центар да воведе апликација со пробни тестови на кои учениците ќе можат да вежбаат и да се подготвуваат за екстерното тестирање кое што ќе им следува кое, како што потенцира, ќе значи олеснување и приближување на учениците кон самиот процес на тестирање.

– Со цел надминување на досегашните пропусти во процесот на екстерното тестирање на учениците, со овие измени ќе се овозможи и дополнително уредување на процесот на екстерното тестирање односно преку годишна ревизија и ажурирање на базите на дадените прашања ќе се подобри квалитетот на прашањата и системот на ектерно тестирање на учениците во целост, рече тој.

Измените предвидуваат и парични награди што ќе ги доделува Министерството за образование и наука и тоа 50 проценти од просечната нето плата, за освоено прво место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот, 40 проценти од просечната нето плата, за освоено второ место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот и 30 проценти од просечната нето плата, за освоено трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот.

– Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобар Македонија“ сметаме дека се работи за многу позитивни измени кои како што напоменав погоре, се резултат на претходни консултации со сите засегнати страни и затоа ние цврсто веруваме дека овие новини значително ќе го подобрат квалитетот на екстерното тестирање се со цел овој проект реално да ја отслика состојбата во основото и средното образование, рече пратеникот Данев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top