Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на тениските турнири во Европа. Откако минатата седмица се закити со трофејот во Штутгарт, најдобрата македонска тенисерка бележи одлични резултати и на турнирот во Торино, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Ѓорческа денеска одигра одличен меч против Магдалена Фрех од Полска совладувајќи ја својата противничка со убедливи 6-3, 6-1. Македонката стигна до брејк во раната фаза од двата сета, па потоа со сигурен сопствен сервис воопшто не дозволи победата да и биде доведена во прашање.
Ѓорческа, која е трета носителка на овој турнир, во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Софија Шапатава од Грузија, која славеше со 2-0 над Италијанката Бурнет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.