| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту репрезентативците на Велс не веруваа во историскиот успех, пред полуфиналето откажуваа венчавки

Историскиот пласман на Велс во полуфиналето на Европското првенство го „искомпликува“ живтот на дел од фудбалерите, кои мораа да ги променат плановите бидејќи ни самите не веруваа дека како дебитанти ќе се најдат меѓу четирите најдобри екипи.

vels

Ледли Кинг мораше да ја одложи свадбата, Крис Гантер беше кум преку „Скајп“, додека на Нил Тејлор му пропадна планот. Сакаше да ја изненади својата сопруга за нејзиниот роденден со билети за концертот на Бијонсе.

– Ледли го резервираше терминот за свадба за време на квалификациите. Но, тогаш никој не веруваше дека ќе стигнеме до тука. Но, не грижете се, сите наши мисли се насочени кон полуфиналето против Португалија – изјави Герет Бејл.

geret bejl

Гантер, кој мораше да ја пропушти свадбата на својот брат во Мексико, изјави дека ниту во еден момент не помислил да го пропушти полуфиналето, што е историски момент за својата земја. Тој успеа да најде решение – преку „Скајп“ ја извршил улогата на кум. Она што е доста интересно е дека и неговите родители одлучиле да гледаат фудбал, па ни тие не биле присутни на свадбата.

Што се однесува до Тејлор, неговата сопруга си поминала преубаво гледајќи ја победата над Белгија, а за Бијонсе – има време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top