| четврток, 6 декември 2018 |

Евра: Јувентус ми ја продолжи кариерата за уште три години

patris evra

Репрезентацијата на Франција успеа да се пласира во полуфиналето од Европското првенство, победувајќи го Исланд со убедливи 5-2. Левиот бек на „триколорите“, Патрис Евра, е задоволен од победата, нагласувајќи дека и понатаму се чувствува како момче во националниот тим. А најзаслужен за ваквиот развој на настаните е Јувентус, кој ја продолжува неговата успешна кариера.

– Сакам да се заблагодарам на сите луѓе што работат моментно во Јувентус, бидејќи овој клуб ми овозможи да се чувствувам како 15-годишно дете. Мислам дека Јувентус ми ја продолжи кариерата за уште три години. Тажен сум што моите клупски колеги од Јувентус со италијанската репрезентација беа елиминирани од Германците – истакна Евра.

Тој настапува за Јувентус од 2014 година, а претходно во кариерата долги години го носеше дресот на премиерлигашот Манчестер јунајтед.

Франција во полуфиналето в четврток во Марсеј ќе се сретне со актуелниот светски шампион Германија во обидот да се пласира во големото финале на Европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top