| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка од крвавата пресметка во Виена: Специјалци едвај совладаа вооружен пљачкаш

По крвавата драма во супермаркетот која се случуваше во саботата вечерта во близина на палатата Шенбрун меѓу граѓаните се уште владее страв.

Во пљачка во супермаркет „Била“ убен беше 50-годишен пљачкаш од Босна, а двајца полицајци беа тешко ранети.

Сведоците на оваа крвава пресметка се во шок, а новото видео покажува детали од престрелката. Напаѓачот бил воорушен со пиштол со придушувач и прв отворил оган врз полицијата без предупредување.

Пљачкашот чекал до затворање и тогаш зел како заложници две жени и еден маж и ги принудил да го отворат сефот. Некој од нив успеал да го притисне алармот. Кога дошла полициската патрола, пљачкашот почнал да пука, а полицајците возвратиле, при што бил ранет, но успеал да избега и да провали во стан, кој за среќа бил празен. Оттаму скокнал на први кат, но специјалците го откриле, а тој повторно отворил оган. Тогаш специјалците го убиле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top