Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 50 евра која треба да ја замени најчесто фалсификуваната европска банкнота.
На новата банкнота има портрет од божицата Европа, лик од грчката митолгија. Има подобрени безбедносни карактеристики и ќе биде пуштена во оптек во април 2017 година.
Секоја банкнота ќе трае четири години, а нејзината изработка чини меѓу шест и 10 евроценти.
Според проценките, просечен Германец во кој било момент има најмалку 100 евра во новчаник, а околу 80 отсто Германци и Австријци уште купуваат во кеш. Во САД тој процент е 40 отсто, а во Шведска 20 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.