| четврток, 6 декември 2018 |

Ако сакате да гледате евролигашка екипа во Скопје, ќе мора да платите 50 евра?!

karpos sokoli

Кој сака „во живо“ да го проследи дуелот Карпош Соколи- Црвена звезда, закажан за вторник навечер од 18 часот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе мора да одвои неверојатни 3.000 денари.
Поучени со гостувањето на Партизан, кога во салата имаше повеќе гостински од домашни фанови, раководството на „карпошовци“ се одлучи да ја „зголеми“ цената на влезните билети за дуелот со најдобриот тим во лигата.

Веста ја потврдија и неколку медиуми во нашето соседство, а во неа изразуваат, во најмала рака, чудење за овој потег на раководниот тим на „соколите“. И како основна причина за тоа го наведуваат „стравот“ на домаќинот од „појавување“ голем број симпатизери на актуелниот шампион во АБА-лигата.

Односно што е можно поголема присутност на домашни фанови во обид Карпош Соколи да го изненади топ-фаворитот во ова регионално натпреварување, и со евентуален триумф да обезбеди опстанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top