| четврток, 6 декември 2018 |

Банкнота од 50 евра на кирилица од денес во оптек

Новата банкнота од 50 евра на кирилица од утре влегува во оптек, објави Европската централна банка.

Ова е трета банкнота од заедничката европска валута, на која натписот “евро” е испишан на кирилица, бидејќи бугарската азбука стана официјален во Европската унија, откако земјата се приклучи во Унијата во 2007 година.

Пред тоа, во 2013 година, прво беа заменети банкнотите од 5 евра, а потоа, во 2014 година, – оние од 10 евра.

Новата банкнота од 50 евра е со подобрена заштита против фалсификат. Ова се наложуваше, бидејќи само во Германија цели 61 отсто од сите запленети фалсификувани банкноти се имено апоени од 50 евра.

Во оптек влегуваат 5,4 милијарди од новите банкноти, а тие прво ќе се појавуваат во земјите од еврозоната.

Старите апоени продолжуваат да се редовно платежно средство и не е потребно да се разменуваат. Тие ќе бидат повлечени постепено од банките. До крајот на 2018 година треба да бидат пуштени и нови банкноти со номинална вредност од 100 и 200 евра. Веднаш потоа од оптек ќе се извадат оние со номинална вредност од 500 евра.

По новите 5, 10 и 20 евра, банкотата од 50 евра е четврта од втората серија евробанкноти позната како “Еуропа”.

– Воведувањето на новите 50 евра ќе ја направи нашата валута уште побезбедна”, вели Ив Мерш, член на Извршниот одбор на ЕЦБ.

– Таа поседува најсовремени безбедносни карактеристики кои ни помагаат да ги заштитиме нашите пари. Банкнотата е дел од нашите постојани напори за зачувување на еврото како стабилна валута – валута на која 338 милиони луѓе во еврозоната се потпираат секој ден”, посочува Мерш.

50 евра е најшироко користената евробанкнота, таа претставува 45 отсто од сите банкноти во оптек. Новата банкнота е со променети големини и бои. На неа е прикажана грчката божица Европа, натписот евра е испишан и на кирилица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top