Возачот на Формула 1 и познатиот заводник Луис Хамилтон летниот одмор го поминува на црногорскиот Свети Стефан, а друштво му прави една позната ѕвезда, која по игра на случајот е родена токму на овие простори.
Хамилтон долетал со приватен авион кој наводно вреди 20 милиони фунти. Наводно Хамилтон го купил овој авион за полесно да стигнува до својата поранешна избраничка Никол Шерзингер. Авионот од тогаш не го променил, но друштвото да. Како што тврдат црногорските медиуми, тој во магијата на престижното летувалиште ужива со британската пејачка со косовско потекло Рита Оро.
Се уште е непознато во каква релација се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.