Високи 160 сантиметри, но силини и обучени како ниеден војник на светот. Кој и да се сретнал со Гурка војник во борба, знае дека тие се опасни борци и дека големината во нивниот случај не значи ништо.
Гурките, кои уште се нарекуваат и британски доброволци како и синови на Хималаите, како воена единица имаат заштитен знак, а тоа е кукри ножот.
Регрутацијата се врши на Хималаите, и според сите експерти тие се една од најдобрите пешадии во светот, а името го преземале од првобитното име на владејачката династија на Непал.
По крајот на британското владеење во Индија во 1974. година, шест полкови на Гурките и припаднале на Индија, додека четири и припаднале на Велика Британија.
Посебен успех Гурките оствариле на Фолкландските острови, а според усното предание во војната во која учествувале Гурките немало заробеници, а иако не е потврдено, постојат и приказни за наводен канибализам на нивните противници.
Гурките и денес се борат во разни делови од светот, на пример во Ирак и Авганистан.
Посебен режим на тренинг
Речиси 28.000 кандидати секоја година меѓусебно се борат за само 200 места кои ги имаат Гурките во британската војска.
За воопшто да дојдат до статусот на кандидати, мажите мора да бидат забележани од одредите за регрутација кои се движат низ Непал, а за секој регрут кој доаѓа и ги минува квалификациите како и обуката, регрутите добиваат награда.
Кандидатот мора да има најмалку 17 години, а тестирањето вклучува трчање пет километри во подножјето на
Хималаите носејќи 25 килограми камења во ранец на грбот, и тоа за помалку од 55 минути.
Откако еднаш ќе го извлече својот кукри нож, закривената острица според традицијата мора да ја “вкуси” крвта, па доколку со ножот не успее да го повреди својот непријател, Гурката се сече самиот.
Еден војник на Гурка сам убил 30 талибани
Неодамнешниот пример за висока чест која ја добиле Гурките е доделбата на највиското британско одликување за храброст на наредникот Дипрасад Пуну, кој како осамен стражар на контролна точка во Авганистан на 17. септември 2010. година успеал сам да се избори со 30 талибани.
“Околу мене имаше многу талибани и бев уверен дека ќе ме убијат. Пред да се случи тоа одлучив јас да убијам барем неколкумина”, изјавил Пуну кој во 15-минутната борба истрелал повеќе од 400 куршуми и деторнирал 17 гранати и мини.
Покрај тоа што ги спасил животите на другите војници на контролните точки, Пуну во таа неверојатно храбра битка не бил ни ранет.
Честа им е најважна
Доколку за 15 години Гурка војникот не добие чин на наредник, тој самиот поради чест се повлекува од службата. Поради нивната воинственост и чест, повеќето се ангажираат само за најтешките задачи ширум светот, а делуваат и во рамките на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)