| четврток, 6 декември 2018 |

Депилација или бричење?

Отсекогаш имало поделени мислења дали е подобро да се депилираат или бричат несаканите влакна на телото. Жените најчесто сметаат дека бричењето на интимните делови е похигиенски.

Козметичката индустрија дебело кешира на желбата на жените да имаат беспрекорно мазни лица и тела. Отстранувањето на влакната е задолжителен третман во речиси сите култури, почнувајќи од лицето, па се до ножните прсти. Двата најпопуларни и најраспространети методи за отстранување влакна на нозете и рацете се бричењето и депилирањето со восок. Козметичарите зборуваат за предностите и недостатоците на овие две постапки:

Бричење: Предности: Овој метод е безболен и поевтин во споредба со депилирањето. Може да ги средите и малку подраснатите и најтенките влакна, а ќе потрошите помалку време бидејќи можете да се средите сами во прватноста на вашиот дом. Недостатоци: Влакната ќе ви пораснат многу побрзо отколку со депилација (освен ако не сте едни од ретките среќлии со бавен раст на влакната), а може да ви се појават и поткожни влакна. Со бричење може да ја иритирате кожата и да ви се појави црвенило или осип. Влакната нема да ви пораснат погусти, но бидејќи ги бричите под остар агол кога ќе почнат да растат делуваат побоцкави. Совет: Секогаш добро навлажнете ја кожата пред и по бричење за да не ви се појави црвенило. Користете ваш личен брич со повеќе сечила и употребете го најмногу два пати.

Депилација Предности: Ги отстранувате влакната од корен, што значи дека ќе имате мазна кожа подолго време. Со депилацијата, особено со хербални восоци и додатоци како чоколада или овошје, кожата се ексфолира и потхранува. Со подолготрајно депилирање може да ги проретчите влакната. Недостатоци: Постапката е прилично болна и трае подолго од бричењето. Мора да почекате да ви пораснат влакната за да биде успешна депилацијата и треба претходно да закажувате термин во салон, што значи дека е и поскапо (дури и ако решите да се депилирате сами дома). Може да ви се јави црвенило и дисколорации на кожата и ако имате чувствителна кожа. Нема да ги средите тенките и кратки влакна со депилација. Совет: Користете ги услугите на проверени салони каде користат восок и ленти за депилација една употреба. Ставете разладувачко масло или гел на кожата по депилирање за да се смири црвенилото.

Лекарите дополнуваат дека бричењето е во предност во однос на депилацијата бидејќи на тој начин се сперуваат бактериите, инфекции и воспалувања.

-Влакненцата на интимните делови претставуваат природна бариера за интимата да биде чиста, да го спречи контактот со бактерии и инфекции и да ја задржи мекоста на кожата на тој дел од телото, вели доктор Ванеса Мекеј од „Ројал Колеџ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top