Жените исто така имаат влакна на лицето, само нивните се доста послаби и посветли влакна од оние на посилниот пол. Кај некои жени влакната се повеќе изразени, додека кај другите пак не претставуваат естетски проблем.
Една од најлошите дилеми на многу дами е како најприкладно да се решат од влакната на лицето и дали озлогласеното и помалку мачоизирано бричење е препорачливо или не?
Анѓела користи машки бријач за еднократна употреба, внимателно ги симнува влакната од лицето и на крајот се мие со топла вода. Целиот процес го завршува со нанесување на крема за лице.
Оваа 46 годишна правничка истакнува дека за осум години, колку што вее се бричи и тоа три пати неделно, немала никакви негативни последици. Токму спротивно таа е воодушевена од резултатите:„Ми одзема неколку секунди и не ми ја иритира кожата, наспроти ласерот или восокот. И не е вистина дека со бричење влакната стануваат потемни и појаки. Сметам дека ова е нешто најдобро што сум почнала да го практикувам“.
Докторот Мајкл Прагер од Лондон вели дека бричењето предизвикува создавање на калоген и го намалува создавањето на брчките. Тој исто така потенцира дека бричењето во никој случај не поттикнува растење на нови, особено не поцврсти влакна.
-Понекогаш може да ни се присторува дека влакната се погусти, но тие всушност само растат од друг агол – појаснил тој.
Диви, Јапонија и бричење
Потсетуваме и некои од познатите дами како што се Елизабет Тејлор, Мерилин Монро и Клеопатра исто така го користеле овој метод на разубавување. Бричењето на лицето беше нивен секојдневен ритуал.
Жените во Јапонија исто така го бричат лицето како дел од традицијата со што постигнуваат младешки изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)