Бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на џамијата во Медина, второто најсвето место на исламот. Загинал бомбашот, како и двајца припадници на безбедносните служби.
Засега не е јасно кој стои зад тој напад што се случил пред зградата на безбедносните служби во близина на џамијата.
Претходно две експлозии го погодија градот Катиф во источниот дел на Саудиска Арабија, каде што малцинство се шиитите. Во тој напад загинал само напаѓачот.
Порано, во текот на денот, еден самоубиец се разнесе во близина на американскиот конзулат во Џеда, на западниот брег на Саудиска Арабија. И во овој напад загинал напаѓачот, додека две лица се ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)