| четврток, 6 декември 2018 |

Димитрев: Членството во ЕУ и понатаму е наша цел

dimitriev-nova-768x432

Премиерот Емил Димитриев во ексклузивен разговор за ТВ Нова истакна дека средбата на Западен Балкан во Париз е во обостран интерес на Европската Унија и Балканот. Тој посочи дека нашa цел и понатаму останува членството во Унијата, како и унапредување на соработката во безбедносните и економските предизвици.

133244227

-Самиот факт што оваа средба претстaвува продолжение на берлинскиот процес ЕУ-Западен Балкан, ја потврдува сериозноста на настанот. Во наш интерес и понатаму останува нашето членство, вели Димитриев.

133244228

Тој изрази надеж дека по самитот ќе бидат договорени работи што се од големо значење за земјите од Западен Балкан каде се дебатира за мигрантскатра криза, но во фокусот на разговорите се предизвиците и последиците од тероризмот, како и економијата.

133244231

-Раговараме за миграциите и ќе продолжиме да правиме се што е потребно. Направивме доста и соодветно ја менаџиравме кризата – во најголем дел на наш трошок и без голема помош од европските партнери. Втората тема на која се зборува на самитот е темата за безбедност, бидејќи е многу важна, особено после терористичките напади во Париз, Брисел Истанбул. Неопходен е координиран пристап. Радикалните структури транзитираат низ нашите земји и доаѓаат во Европа, истакна Димитриев.

133244232

Премиерот на Република Македонија во врска со интеграциите посочи дека е добро тоа што Европската Унија ќе прокламира политика на отворени врати.

133244233

133244235

-Во контекст на Македонија важно е да се се каже дека отпочнувањето на процесот за членство во ЕУ ќе има резултати. Сите три теми се важни и за нас и за Европската Унија, заклучи Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top