Активно се работи на изградба на комплетно нов објект на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода, кое било отворено во септември 1964 година, а наставата се изведувала во монтажни бараки, кои биле донација.
Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски го реализира ова ветување што го даде при означување на почетокот на градбата минатиот септември. Тогаш во ист ден се отвори новото училиште „Живко Брајковски“ во Бутел и се означи градбата на училиштето „Невена Горгиева – Дуња“, кое треба да биде готово кон крајот на годината.
Се работи за објект во кој инвестира МОН со површина од 2.213 м2, со пет кабинети, 15 училници, четири канцеларии и библиотека. На приземјето и на првиот кат ќе бидат лоцирани кабинетите, училниците и канцеларискиот простор, додека во подрумскиот дел ќе бидат сместени машинско одделение, работилница и магацин. Ќе има вкупен капацитет од 600 ученици во две смени.
Инвестицијата е во вредност од 75 милиони денари и ќе биде целосно заокружена во последниот квартал на 2016 година.
Граѓаните задоволни од изградбата на училиштето кое беше нивно барање. Велат дека сега дечињата ќе учат во модерни и одлични услови. Еве дел од нивните изјави:
-Граѓаните на Кисела Вода навистина се задоволни што во овој период се направи реконструкција на повеќе училишни згради. Веќе го гледаме и новото училиште на „Невена Георгиева-Дуња“ кое доби нов објект и навистина ќе може да исполни убави услови за да може да се одвива воспитно-образовниот процес на нашите дечиња. Тие со радост ја очекуваат новата учебна година и навистина сме среќни што ќе имаме уште една нова училишна зграда….
-Дечињата конечно ќе седнат во нови училишни клупи. Ова беше старо училиште, но сега е супер и убаво што се гради. Сакам така и да продолжат секаде да се гради, да има нови училишта, нови сали…
-Општина Кисела Вода ни овозможи на сите идни генерации да успеат во поубав живот, поубава средина, поубаво детство. Условите порано и сега имаат голема разлика. Благодарение на нив успеаја да го реновираат училиштето за новите генерации…
-Ние како граѓани на Кисела Вода сме многу задоволни што се гради училиштето…
Се реализира уште едно барање на граѓаните, односно целосно се реконструираше и училиштето во Кисела Вода „Круме Кепески“. Носител на инвестицијата вредна 11.300.000 денари е општината Кисела Вода, која во соработка со приватна компанија и меѓународна институција го финализираше овој значаен зафат. Училиштето изградено во 61та година доби комплетно нов изглед и подобрени услови за работа.
Се комплетираше и барањето на граѓаните за нови атмосферски канализации на улиците Жарко Зренањин и Живко Фифров во Драчево што беше ветување при последната посета на Груевски во октомври минатата година.
Освен тоа ќе се реши уште едно нивно барање, односно патот за Тефериџ освен тоа што беше веднаш проширен во најтесните грла, локалната самоуправа Кисела Вода и скопскиот плански регион се во фаза на подготвителни активности за почеток на градба за целосно проширување на овој патен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)