Мартија Станојковиќ е толку млада, а веќе е на пат да го освои светот. Таа натпреварот Пинкови Ѕвезди го заврши второпласирана, иако заслужуваше и прво место, бидејќи секој настап на Мартија беше посебен и завршуваше со овации од публиката и жирито. Членовите на жирито имаат само пофални зборови за „малата Македонка“ како што ја нарекуваа Гоца, Хари, Милан, Јелена и Леонтина.
За неа велат дека уште отсега треба да почне да работи со некој продуцент и за неколку години и предвидуваат дека ќе достигне светска слава. За себе вели дека е обично дете, кое сака да се дружи со другарите, но има голем сон – да стапне на некоја светска сцена. Нејзина омилена македонска пејачка е Тамара Тодевска, а од светските звезди ја обожава Ариана Гранде.Вака изгледала Мартија пред шест години во емисијата Ај ти замижи!Од тогаш може да се види нејзината талентираност и дека е создадена за на сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)