| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапиот македонски видеоспот: Џесика од Барселона порачува „Играј валкано“ (ВИДЕО)

Македонската фолк-пејачка Џесика Плашоска конечно го промовираше видеоспотот за песната „Играј валкано“, кој го снимаше во Барселона.

dzesika

Песната е дело на Борче Нечoски и Дејан Момироски, а за разлика од останатите песни на Џесика, овој пат нејзините фанови ќе имаат прилика да слушнат еден поинаков и помодерен звук.

dzesika2

– Снимањето беше доста напорно, и покрај тоа што имавме план и се движевме по него меѓутоа ни требаше еден ден за да се организираме бидејќи сепак голем град од едно до друго место има со сигурност еден саат возење, шминка фризура, опрема итн. Меѓутоа кога го работите со љубов се ви изгледа лесно и едноставно го замислував само финалниот производ. Очекувам песната да биде слушана и прифатена поради тоа што е доста модерна и правена по светски модерен стил – вели Џесика.

dzesika3

Спотот се снимаше под режисерската палка на „Бокс продукција“.

dzesika5

Инаку Палашоска за време на снимањето на спотот носеше креации на младиот и контроверзен дизајнер Златко Јовановски, додека пак за шминката беа задолжени вештите раце на добро познатиот Зоран Шурбевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top