УЕФА денеска ги објави и имињата на арбитрите што беа избрани од страна на Пјерлуиџи Колина за да ја делат правдата на двете полуфинални пресметки.
Првиот полуфинален дуел в среда ќе го играат Португалија и Велс, а главен судија ќе биде Јонас Ериксон. Шведскиот арбитар сезонава беше главен судија на финалето од Лигата на Европа меѓу Ливерпул и Севилја, а на ЕП 2016 веќе еднаш им донесе среќа на Велшаните, судејќи го натпреварот против Русија што островската селекција го доби со убедливи 3-0.
Што се однесува до второто полуфинале, на мечот меѓу Франција и Германија задолжен за правдата ќе биде Никола Рицоли. Италијанскиот судија веќе еднаш им судеше на „триколорите“ на овој шампионат, при победата од 2-1 над Република Ирска во осминафиналето од ЕП 2016.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.