| четврток, 6 декември 2018 |

Во МНТ почна да се работи претстава за децата бегалци од Егејска Македонија – „Прекината Одисеја“

Преставата ќе се игра на двата јазици, македонски и полски, а во претставата играат околу 30-тина актери. Од ансамблот на МНТ играат актерите: Владо Јовановски, Софиа Насевска - Трифуновска, Сашка Димитровска, Снежана Коневска – Руси, Билјана Јовановска, Борче Начев, Нино Леви и Трајче Ѓоргиев

Македонскиот народен театар започна со интензивните подготвки за претставата „Прекината Одисеја“, во копродукција на театарот „Хелена Моджејевска“ од Легница, Полска, во режија на Јацек Гломб.

Прoектот е базиран на судбината и егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија кои завршуваат во Полска – голем дел во градот Легница. Во периодот од 1946 до 1949 година, Полска ги прифати децата бегалци, и беа сместени во полските училишта и образовните центри, за подоцна да им се придружат и нивните родители. Дел од имигрантите создадоа свои семејства и останаа засекогаш во Полска. Дел од нив во седумдестите години се враќаат на Балканот и во Југославија.

13590470_1121832304506454_5727869805404972524_n

Оваа комплексна тема, режисерот Гломб ја започна со прибирање на податоци за сите тие големи човечки судбини, преку разговори со децата бегалци, кои беа директни учесници во големиот прогон, посета на музеи и работилници со актерите од Македонија и Полска во МНТ. Претставата опфаќа актери од Македонија и Полска, со кои режисерот веќе работеше во театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница. Следува работа со македонските актери во Македонскиот народен театар чии проби започнуваат денес, на 4 јули. Подоцна двата ансамбла ќе работат на заедничка подготовка, по што праизведбата  на  претставата „Прекината Одисеја“ ќе се оддржи на 17 септември 2016 година во Македонскиот народен театар. Претставата ќе биде изведена 10 пати во Македонија, а во месец ноември 2016 година ќе се одигра 10 пати во Варшава, Вроцлав, Легница и Краков.

Преставата ќе се игра на двата јазици, македонски и полски, а во претставата играат околу 30-тина актери. Од ансамблот на МНТ играат актерите: Владо Јовановски, Софиа Насевска – Трифуновска, Сашка Димитровска, Снежана Коневска – Руси, Билјана Јовановска, Борче Начев, Нино Леви и Трајче Ѓоргиев.

Драматург на претставата е Роберт Урбански од Полска. Музиката е на Горан Трајкоски, а сценографијата и костимите се на Малгорзата Буланда.

goran trajkovski

Соработката помеѓу двата театри започна со меѓусебно гостување (првото официјално гостување на Македонскиот народен театар беше од 4 до 8 декември 2015 година, во еден од петте позначајни театри во Полска, Театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница). Соработката на двата театри е исто така од особено значење за продлабочувањето на македонско-полската културна соработка, што се гледа и во подготовката на претставата „Прекината Одисеја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top