| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје со реакција: Не се сечеа дрвја, се расчистуваа паднатите и искршените

g skopje

Од Град Скопје реагираа на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечени дрвја кај Собранието во општина Центар. Во продолжение нивното соопштение во целост:

– Сакаме да ве информираме дека во текот на изминативе денови, во силното невреме и  поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета, така што и во конкретниов случај станува збор за отстранување на паднати и искршени дрвја.

По невремето кое го зафати Скопје во саботата попладне на 2 јули 2016 година, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија повеќе интервенции за да ги санираат последиците од невремето. Се расчистуваа паднати дрвја и гранки на 40 (четириесет) локации во градот во текот на изминатиот викенд, односно се интервенираше на булеварите Александар Македонски, 11 Октомври, Кочо Рацин, Илинден, Партизански одреди, Митрополит Теодосиј Гологанов, Трета македонска бригада и булеварот Кирил и Методиј,  кај Детска болница во Козле, на улиците Македонија, Цетинска, Благоја Перовиќ, Симеон Кавракиров, Киро Крстевски-Платник, Вера Јоциќ, Лазар Личеновски, Лондонска и на улица Бетовенова, кај Момин Поток, кај хотел „Холидеј ин“, на кеј Димитар Влахов, во населбата Радишани во Сарај спроти општината, во населбата Радишани и вториот дел на Градски парк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top