| четврток, 6 декември 2018 |

Антоан Гризман е лидер на листата за најдобри стрелци на ЕП

antoan grizman

Франција се пласираше во полуфналето на Европското првенство откако во последниот четвртфинален дуел го декласираше Исланд со 5-2, а Антоан Гризман е фудбалерот што е најблизу до „златната копачка“, наградата што вообичаено се доделува на најдобриот стрелец на европскиот шампионат.

Членот на Атлетико Мадрид со денешниот погодок против Исланд стана првиот фудбалер со четири постигнати гола на овој европски шампионат. Гризман првиот гол го постигна против Албанија, потоа следеа двата гола против Република Ирска, за со вечерашниот погодок против Исланд да се искачи на чело на листата на стрелци.

Негови главни ривали за големото индивидуално признание ќе бидат репрезентативните колеги, Дмитри Паје и Оливие Жиру, кои досега постигнаа по три гола на ЕВРО 2016, исто колку и Велшанецот Герет Бејл, кој ќе има можност да го стигне Гризман веќе в среда, на дуелот со Португалија.

Три погодоци на овој европски шампионат постигна и Алваро Мората, но шпанскиот голгетер е надвор од конкуренција за оваа награда поради прераната елиминација на „црвената фурија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top