Александар Скарсгард е ѕвездата на најновата акција-авантура „Легенда за Тарзан“ во улога на легендарниот карактер според приказната на Едгар Рајс Бароус, во кој дел од магијата се и ФХ3Х. Останатите улоги во филмот ги толкуваат оскаровецот Семјуел Џонсон, Маргот Роби, номинираниот за Оскар Џимон Хунсоу, оскаровецот Јим Бродбент, и двојниот оскаровец Кристофер Валц.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на најновиот спектакл за најпознатиот човек од џунглата, во соработка со лондонското студио MPC technicolor.
– Сметам дека ова е најубавата верзија на Тарзан, ако не ја сметаме анимираната верзија на Дизни која сепак ќе остане на врвот, засега, оваа ни нуди жестока акција и доволно атрактивна драма. Притоа има преубави моменти со животни, лавови, примати, водени бафала, слонови, крокодили и многу други, кои се сите компјутерски генерирани, а изгледаат потполно реално. На овој проект работевме од декември 2014 до март 2016, со екипа од 50 артисти, на помал обем од кадри но со голема комплексност, што уште повеќе ги зголемува очекувањата, останува само да го погледнеме заедно – изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент.
Години откако човекот наречен Тарзан ја напушти џунглата во Африка за аристократскиот живот во Викторијанскиот Лондон како Џон Клејтон, трет висконт на Грејсток, со љубената жена Џејн покрај себе. Сега е поканет да се врати во Конго и да работи како трговски емисар на Парламентот, незнаејќи дека е пион во смртоносна унија на алчност и освета, зад која стои белгиецот леон Ром (Валц). Но оние кои се зад убиствениот план не знаат што ќе отпочнат.
Филмот е во режија на Дејвид Јејтс според сценарио на Адам Козад и Крег Бруер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.