Синиша Златиќ во петокот вечер со калашников уби пет луѓе во кафуле во Житница, меѓу кои и неговата поранешна сопруга Дијана Савановиќ – Златиќ. На нивниот деветгодишен син од Центарот за социјална работа му соопштиле дека мајка му повеќе ја нема, но никој немал сила да му каже на детето дека всушнот била убиена од неговиот татко.
Соседите на семејството Савановиќ велат дека малото детенце сега се повлекло во себе и се чувствува несигурно без двајцата родители.
– Мајка ми е на небото. Ја нема повеќе. Јас не сакам да одам на погребот, рекол малиот.
– Тој се уште не знае како починала неговата мајка. Само му рекле дека отишла со ангелите и да биде добар како што и ветил. Не знае што и се случило. Сепак, тој во еден момент рекол – Викнете го татко ми, да ја донесе мојата мајка, изјавил сосед близок до семејството Савановиќ за српските медиуми.
Малото момче вчера не го земале на погребот на својата мајка, а го чувала нејзината сестра, Анкица.
– Тој не сакаше да оди на погребот, а можеби и подобро е така за дополнително да не се вознемирува детето по сето ова што му се случи. Сега по цели денови со него седат и го чуваат неговата баба и тетка. На Анкица гледа како на втора мајка. Таа ќе го чува и ќе се грижи ништо да не му фали, низ солзи раскажал близок пријател на семејстово Савановиќ кој додал.
– Дијана го напушти Синиша пред девет месеци, кога тој отиде да вози камион во Германија. Тогаш им рече на своите родители – Или ќе ме примите назад, или ќе рипнам во реката….
Соседите пак на семејството кое го погоди оваа трагедија се прашуваат како тие ќе егзистираат и ќе се грижат само за малиот кога и неговиот татко ќе биде во затвор.
– Тие примаат некоја социјална помош, пензија немаат, а сепак ќе се борат детето да им припадне нив за да го одгледаат. Зарем да го чува семејството на човекот кој ја уби неговата мајка… кутро дете, коментираат соседите.
Таткото пак на убиената Дијана, изјавил дека неговата ќерка подолго време трпела тортура од убиецот.
– Надлежните никогаш не отидоа во нивната куќа да видат што тој прави таму. Кршел врати, фрлал разни работи по собите, еднаш го искрши и тоалетот. И детето имаше последици од неговото малтретирање. Дијана го молеше да се смири и му велеше дека се ќе решат. Што да правам сега, морам да бидам собран заради својот внук, потресен изјавил дедото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников
-
Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
-
Зошто никој не зборува за пораката на масичката: Морбидни фотографии од собата на убиецот од Лас Вегас