Сложувалката од 40.000 делови направена во чест на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета II се сруши само неколку дена пред нејзиното свечено изложување. По 200 часа работа, сложувалката на креаторот Дејв Еванс, заврши на подот. Тој цели пет недели ја склопувал сложувалката со димензии од 5,9 на 2,4 метри, за која веруваше дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди за најголема сложувалка на светот.
Сложувалката беше во рамка и потпрена на ѕидот во студиото на Еванс.
Сега уметникот има помалку од една недела за повторно да ја склопи и да ја подготви за транспорт во Норфолк, каде што би требала да биде изложена на имотот на кралицата во Сандрингам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)