Со проучувањето на коските на 14-годишно девојче што биле откриени во историското наоѓалиште во Вирџинија, научниците ги потврдија сомнежите на постоење на канибализам меѓу колонистите.
За време на суровата зима во 1609 година, кога од глад починале скоро 80% од колонистите, некои членови од заедницата се обиделе и успеале да преживеат хранејќи се со телото на девојчето, објаснуваат антрополозите од американскиот Природнонаучен музеј во Вашингтон.
На коските биле пронајдени траги од удари зададени од оштри предмети како и траги од длабоки резови на нејзиното лице и вратот, се наведува во извештајот на Даглас Оусли, форензичар од Институтот Smithsonian.
-Начинот на постапување кон телото на девојчето по нејзината смрт го покажува очајот и тешките услови со кои колонистите се соочувале во суровата зима во 1609 година – вели тој.
Научниците успешно го реконструирале лицето на девојчето кое имало околу 14 години кога починало, нарекувајќи ја Џејн, но не успеале да ги откријат причините за нејзината смрт.
Жителите биле под опсада на Индијанците и немале доволно храна за да ја преживеат зимата. Отпрвин, ги изеле животните, па дури и сите кожени материјали што можеле да ги пронајдат. Не е познато колку од своите сонародници изеле.
Првата помош во храна ја добиле по неколку месеци, а од 300 жители преживеале 60.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)