Претставите „Сонети“ и „Ш“ во режија на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски, изведени од ансамблот на Битолскиот театар беа последните кои се изведоа во рамките на годинешниот „Битола Шекспир фестивал“.
Организаторите се задоволни од годинашното издание на фестивалот кој беше во знакот на 400 години од смртта на Вилијам Шекспир, а публиката имаше можност да види МУЗИЧКО – СЦЕНСКИ ПЕРФОРМАНС
Копродукција: Фолтин и актери од Санкт Петербург на отворањето на фестивалот; ПЕРИКЛЕ, Итака арт центар Инѓија и Народен театар Шабац, Србија; под покровителство на градот Нови Сад, Aдаптација и режија: Никита Миливојевиќ; КОМЕДИЈА НА ГРЕШКИ, НУ Турски Театар – Скопје, Режија: Коле Ангеловски; KОРИОЛАН (награда за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка на ITF Acco/Аcre)
Hamoshavot ансамблод Зихрон-Јахов, Израел, Режија: Итаи Дорон; ЈУЛИЕ ЦЕЗАР (праизведба), Лит Мун театарска компанија – Санта Барбара, Калифорнија, Сад, Режија: Џон Блондел; МОНТЕКИ И КАПУЛЕТИ,
Куклен театар од Бјалисток, Полска, Режија: Руслан Кудашов; ХРОНИКА НА ПРИНЦОТ Х., Куклен театар од Бјалисток, Полска, Адаптација и режија: Јацек Малиновски; СОНЕТИ НА ЛЕТНАТА НОЌ, Копродукција: НУ Народен театар- Битола и Лит Мун театарска компанија – Санта Барбара, Калифорнија, Сад и Ш, Режија: Јован Ристoвски, СОНЕТИ, Режија: Ангелчо Илиевски.
На 25 јули во НУ Народен театар- Битола ќе биде изведена претставата ДВАНАЕСЕТТА НОЌ, од Истанбулски градски театар, Турција, Режија: Сердар Билиш и со тоа официјално се заокружува програмата на фестивалот.
-Зад нас оставаме исклучително вреден фестивал, кој донесе театарски претстави, кои засекогаш ќе останат во театарската меморија. Во Битола гостуваа актери од Израел, Полска, Србија. Посебен интерес кај публиката предизвикаа заедничките претстави на Битолскиот театар со театрите од Русија и од САД, односно музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“ во кој настапија актери од театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург и претставата „Сонети на летната ноќ“, во која заедно со нашите актери настапија и актерите од театарската компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара, Калифорнија. Двете претстави ќе бидат прикажани во САД и Русија, потврди директорот на Битолскиот театар Валентин Светозарев.
За сите љубители на театарската уметност кои не беа во можност да ги гледаат претставите на младите режисери Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски на „Битола Шекспир фестивалот“, ќе имаат можност да ги погледнат во рамките на „Охридско лето“ на 31 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Театарска промоција на книгата „Го силуваме ежот“ од Марјан Анѓеловски