| четврток, 6 декември 2018 |

Германско државјанство за Британците кои гласаа за ЕУ

germanski pasos

Германија треба да понуди државјанство на младите Британци кои живеат во Германија бидејќи мнозинството кое гласаше за Брегзит беа старци од Англија и Велс, предложи германскиот министер за економија Сигмар Габриел.

102244959_eu-march3-large_trans++ZgEkZX3M936N5BQK4Va8RWtT0gK_6EfZT336f62EI5UГабриел, кој е и вицеканцелар, посочи дека Германија би требало да размисли да понуди жителство на младите Британци, додавајќи дека СПД секогаш го застапувал ставот за двојно државјанство за граѓаните.

– Да им понудиме на младите Британци кои живеат во Германија, Италија или Франција, за да тие можат да останат граѓани на ЕУ во оваа земја- вели Габриел.

102245201_eu-protest1-large_trans++ZgEkZX3M936N5BQK4Va8RQJ6Ra64K3tAxfZq0dvIBJwОпозициската партија на зелените исто така повика Германија да им помогне на Британците кои живеат во Германија, тие да добијат германски пасоши.

Волкер Буфиер, премиерот на германската федерална единица Хесе- дом на германската финансиска престолнина- за медиумите посочи дека „голема бројка на Британци“ во моментот аплицираат за германско државјанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top