Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа вчера стигна до титулата во игра на двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Штутгарт, а денеска од 14 часот ја очекува и битката за трофејот во поединечна конкуренција.
Ѓорческа, заедно со Аргентинката Флоренсија Молинеро во финалето беа поуспешни од руско-чешката комбинација Кушкова/ Шумова, победувајќи со 1-6,6-1 (10-7).
Денеска во финалето во поединечна конкуренција, македонската тенисерка, која е трета носителка на турнирот, ќе се соочи со втората носителка Далила Јакуповиќ од Словенија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.