| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава ноќ пред Рамазан: Најновиот биланс се најмалку 125 загинати во масакрот во Багдад

Се зголемува бројката на жртви во двојниот терористички напад во Багдадт. Најмалку 125 лица загинале во двете експлозии, пренесе Би-Би-Си. Американските медиуми наведуваат дека Исламска држава, преку онлајн соопштение, ја презеде одговорноста за првата експлозија во населбата Карада, во која се убиени 86 лица, меѓу кои има и 15 деца, а била предизвикана со детонирање на автомобил-бомба. Станува збор за побогат дел од градот каде живее главно висока средна класа шиити и христијани. ИД нагласи дека во двата напади нејзина цел било шиитското население.

isis bagdad

Приот напад се случил во централниот кварт Карада, а малку подоцна експлодираше рачно изработена бомба во источниот дел на Багдад. Нападите се извршени кон крајот на светиот муслимански месец Рамазан, кога улиците по зајдисонце се полни со млади луѓе и семејства.

isis bagdad

Премиерот Хајдер ал Абади го посети местото на нападите во централниот кварт Карада, но брзо го напушти откако беше дочекан со мноштво пцости и укори од локалното население, јави ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top