| четврток, 6 декември 2018 |

Пенал-рулетот го одлучи полуфиналистот, посреќната Германија го продолжува престојот во Франција (видео)

Актуелниот светски првак репрезентацијата на Германија го продолжува престојот во Франција на Европското првенство откако во третиот четвртфинален меч по изведувањето на пенали ја совлада селекцијата на Италија.

germanija 1

Во регуларниот дел и по двете продолженија мечот заврши 1-1. Двата гола беа постигнати во второто полувреме откако Месут Озил по една одлична акција по левата страна на „панцерите“ со одмерен удар ја смести топката во мрежата на Џиџи Буфон. До тој момент двете репрезентации немаа идеални шанси за гол бидејќи и двата селектора, Јоаким Лев и Антонио Конте се одлучија на цврсти одбрани и згуснат среден ред па така напаѓачите на двете репрезентации не дојдоа до израз. Германија имаа повеќе од играта и заслужено дојде до водство, но на 12 минути до крајот на мечот Жером Боатенг направи еден непромислен потег играјќи со рака во својот шеснаесетник. Тоа не го поколеба судијата Касаи кој одсуде одличен меч и досуди на белата точка. Сигурен реализатор беше дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи.

Откако завршија 120 минути од мечот следеше вистинска драма. Победникот беше добиен откако двете репрезентации шутираа дури 18 пенали или Германија славеше дури во деветтата серија.

italija

Инсиње беше прв реализатор за Италија. Возврати Тони Крос. Антонио Конте во 120.минута го внесе во игра Симоне Заза за да изведува пенал, а тој ја испрати топката, блиску до рефлекторите, високо над голот. Но, и Џанлуиџи Буфон го одбрани пеналот на Томас Милер. Барѕалји успеа да погоди, а Озил ја погоди стативата и Италијанците дојдоа до предност. Но, потоа Грацијано Пеле го промаши целиот гол, а Џулијан Дракслер израмни на 2-2.
Петта серија. Мануел Нојер го одбрани ударот на Леонардо Бонучи, а Бастијан Швајнштајгер го промаши целиот гол.
Џакерини успеа да ја погоди мрежата во шестта серија, но исто така и Матс Хумелс, за 3-3. Пароло постигна погодок, и Кимик, за 4-4. Де Шилјо со помош на гредата ја уфрли топката во мрежата, но и Џером Боатенг (5-5).

А потоа Нојер го одбрани ударот на Дармијан. Триумфот на Германците беше во нозете на Хектор. Тој го надмудри Буфон и светскиот првак се пласира во полуфиналето.

 

Германија својот противник во полуфиналето ќе го дознае утре откако ќе заврши и последниот четвртфинален меч меѓу домаќинот Франција и најпријатното изненадување на шампионатот, репрезентацијата на Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top