| четврток, 6 декември 2018 |

Мирниот Синиша се развел пред 6 месеци: Ја видел поранешната сопруга со момче, а тоа не можел да го поднесе

masakr

Страшна трагедија вчера ја потресе Србија кога љубоморниот Синиша Златиќ влетал со автоматска пушка во кафулето „Макијато“ во Житиште, каде била неговата поранешна сопруга, уби пет и рани 20 лица.

Светозар Манојловиќ, кој бил во кафулето вчера кога се случил страшниот масакр, се присетува на хоророт кој го преживеал.

– Мислевме дека некој пука петарди се додека една девојка не падна врз мене. Тој почнал да стела со пушката кон кафулето, а јас не ни сфатив што се случува. Потоа настана општ хаос, каков што нема ниту на филм, вели Манојловиќ.

– Слушнавме пукање. Се стрчав до кафулето во кое работи мојот син и на лице место го видов тој џумбус. Една жена лежеше на земја, веројатно веќе беше мртва, сведочи за вчерашните убиства жител на Житиште, чиј син работи во локалот каде се сличила трагедијата.

– Едно момче држеше крвата девојка во своите раце, јас притрчав да помогнам. Набрзо дојде итната помош, се обидоа да ја реанимираат, но се успеаја, додава тој.

Masakr-u-selu-Zitistu-kod-Zrenjanina62

Мештаните пак кои го познаваат Синиша, велат дека секогаш бил мирен и тивок и дека никогаш не бил проблематичен.

– Момчето кое пукаше е пријател на мој роднина. Не беше проблематичен, не се бавеше со криминални активности, секогаш мирен, повлечен. Знам дека се разведе од сопругата, а по ова што го направи, веројатно не можел да поднесе таа да биде со друг маж. Имаа едно машко дете, а колку што знам тоа одеше и кај мајкта и кај таткото, за него не се расправаа. Синиша работеше во агенцијата на неговиот брат кој има некој бизнис со автомобили. Веројатно тоа бил излив на љубомора кога ги видел заедно во кафулето, па заврши трагично. Тие се разведоа пред околу половина година, вели едно младо момче од Житиште кое добро го познава напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top